• четврток, 18 април 2024

Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа во Бангладеш

Најмалку 19 загинати во сообраќајна несреќа во Бангладеш
Дака, 19 март 2023 (МИА) - Најмалку 19 лица загинаа денеска, а 12 се тешко повредени во сообраќајна несреќа во Бангладеш, соопшти локалната полиција.

Се претпоставува дека возачот изгубил контрола над возилото по што автобусот излетал низ заштитната ограда на неодамна изградениот автопат и паднал девет метри надолу во каналот.

„Несреќата се случила во Шибчар, на југот на земјата, а сите повредени се префрлени во болница во главниот град Дака“, изјави началникот на локалната полиција Масуд Алам.

Сообраќајните несреќи се чести во Бангладеш поради лошото одржување на возилата и патиштата, како и поради недоволната обука на возачите. паг/

Фото: ЕПА


 
 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан