Најмалку 19 загинати во израелските напади врз либанскиот град Балбек и неговата околина
- Градоначалникот Мустафа ал-Шел изјави за Би-Би-Си дека биле пријавени повеќе од 20 напади во областа Балбек, од кои пет во самиот град, во кој се наоѓа и комплекс на антички римски храмови што се на списокот на УНЕСКО на заштитено културно наследство
Бејрут, 31 октомври 2024 (МИА) - Најмалку 19 лица, меѓу кои осум жени, загинаа во израелските напади врз либанскиот град Баалбек и неговата околина, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Вчерашниот напад се случи откако десетици илјади жители го напуштија северниот либански град како одговор на наредбите за евакуација издадени од израелската армија.
Градоначалникот Мустафа ал-Шел изјави за Би-Би-Си дека биле пријавени повеќе од 20 напади во областа Балбек, од кои пет во самиот град, во кој се наоѓа и комплекс на антички римски храмови што се на списокот на УНЕСКО на заштитено културно наследство.
Израелската војска соопшти дека за време на нападите врз Баалбек на исток и Набатија во јужен Либан погодила командни центри на Хезболах. сд/
фото:МИА архива