• понеделник, 23 декември 2024

Најмалку 18 жртви при полициска рација во сиромашна населба во Рио де Жанеиро

Најмалку 18 жртви при полициска рација во сиромашна населба во Рио де Жанеиро
Рио де Жанеиро, 22 јули 2022 (МИА) - Најмалку 18 лица загинаа во бразилскиот град Рио де Жанеиро, за време на голема полициска рација во сиромашна населба, соопшти државната воена полиција. Оперативни тимови на цивилната и воената полиција на Рио де Жанеиро упаднаа во комплексот Алемао, во рамки на акцијата против организирани криминални групи, осомничени за повеќе кражби и грабежи на банки, како и за планирање напади врз сиромашни квартови, се наведува во соопштението. Според полицијата, најмалку 18 лица загинаа во рацијата, од кои еден полицаец, 16 осомничени криминалци и една жена која се нашла во близина. Во операцијата учествуваа околу 400 полицајци, четири летала и 10 оклопни возила. Поради големиот број загинати, полициската акција поттикна истрага за можно кршење на човековите права. „Има знаци на големи прекршувања на човековите права и оправдано сомнение дека ова е една од операциите со најголем број смртни случаи во Рио де Жанеиро“, се истакнува во соопштението на државниот правобранител. бд/зш/

Остани поврзан