• петок, 05 декември 2025

Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија

Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа во Малезија

Куала Лумпур, 9 јуни 2025 (МИА) – Најмалку 15 студенти загинаа во автобуска несреќа што се случи утрово на автопат во Малезија.

Малезискиот премиер Анвар Ибрахим нареди да се спроведе истрага за несреќата што се случи во малезиската држава Перак, пренесе локалниот телевизиски канал CNA.

Според прелиминарната истрага, автобусот удрил во задниот дел на комбе пред возачот да изгуби контрола и да излета од автопатот, изјавија претставници на полицијата за локалните медиуми. јт/

Фото: Локлани власти на Фејсбук

Остани поврзан