• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Чикаго

Најмалку 15 застрелани на забава по повод Ноќта на вештерките во Чикаго

Чикаго, 29 октомври 2023 (МИА) - Најмалку 15 луѓе биле застрелани во неделата наутро по локално време во Чикаго на забава по повод Ноќта на вештерките, јавува Си-Ен-Ен.

Меѓу жртвите има шест жени и девет мажи на возраст од 26 до 53 години, соопшти полицијата во Чикаго. Двајца (26-годишна жена и 48-годишен маж) се во критична состојба.

-Насилникот побегнал пеш и бил приведен од полицајците кои реагирале на пријава за пукање, соопшти полицијата.

Напаѓачот имал пиштол кога бил приведен од полицијата и бил однесен на сослушување.

-Полицијата продолжува да го истражува пукањето, се наведува во соопштението. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан