Најмалку 13 луѓе загинаа во поплавите во Венецуела
- Најмалку 13 лица, од кои две деца, загинаа во поплавите во сојузната венецуелска држава Мерида
Каракас, 25 август 2021 (МИА) - Најмалку 13 лица, од кои две деца, загинаа во поплавите во сојузната венецуелска држава Мерида.
Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро изјави дека вкупно 35.646 луѓе во 85 општини се погодени од поплавите.
Обилните дождови, свлечишта и поплави се вообичаена појава во регионот на Андите во западна и југозападна Венецуела.
Во 1984 година, околу 16 луѓе загинаа во близина на Мерида, а во 2005 година бурите однесоа неколку десетици животи. ми/