• петок, 22 ноември 2024

Најмалку четворица мртви во торнадо во Арканзас и бури во Илиноис

Најмалку четворица мртви во торнадо во Арканзас и бури во Илиноис

Вашингтон, 1 април 2023 (МИА) - Најмалку три лица загинаа вчера во силно торнадо што мина низ американската сојузна држава Арканзас, додека при делумно уривање на театар во Илиноис од силни бури загина најмалку едно лице, додека  повредени се 28 други, соопштија државните власти.

Во Арканзас две лица загинаа во градот Вин, изјави на прес конференција гувернерката Сара Хакаби Сандерс, притоа прогласувајќи вонредна состојба и распоредувајќи стотина припадници на Националната гарда.

„Централен Арканзас претрпе значителна штета“, напиша таа на Твитер.

Третиот смртен случај го потврдија властите од округот Пуласки, каде се наоѓа тешко погодениот главен град на Арканзас, Литл Рок.

-Околу 30 луѓе се превезени во болниците во градот, изјави за новинарите Френк Скот, градоначалник на Литл Рок.

Националната метеоролошка служба (NWS) издаде предупредувања за торнадо во делови од Тенеси, Илиноис и Ајова.

Торнадото зад себе остави пустош со превртени автомобили, откорнати дрвја, скршени телефонски столбови и уништени домови.

На северот на земјата, во малото гратче Белвидер, западно од Чикаго во државата Илиноис, силната бура урнала дел од покривот и фасадата на театарот Аполо, каде во тек бил концерт на хеви метал бенд, објавија локалните медиуми.

Шон Шедл, шеф на пожарникарите во Белвидер, пријавил еден смртен случај и 28 повредени, вклучително и пет хоспитализирани со сериозни повреди. сд/

Остани поврзан