• среда, 17 јули 2024

Најмалку четворица загинати во пожар во бегалски камп во Сирија

Најмалку четворица загинати во пожар во бегалски камп во Сирија
Дамаск, 28 февруари 2021 (МИА) - Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и едно дете, во голем пожар што избувна во саботата во бегалски камп во североисточна Сирија, објави новинската агенција САНА. Од пожарот 18 лица се здобиле со изгореници и се пренесени во болница. Според прелиминарните податоци, причина за пожарот е употреба на неквалитетно гориво за греење. Во кампот Ал Хол во сириската провинција Хасака во моментот има 64.373 лица, од кои 24.223 се Сиријци, 30.606 се Ирачани, а 9.544 се од други земји. Мнозинството, дури 94 проценти, од корисниците на кампот се жени и деца на поранешни членови на терористичката организација Исламска држава. паг/

Остани поврзан