Најмалку тројца загинати во поплавите во јужна Шпанија
- Најпогодена од поплавите е покраината Малага, каде загинаа две лица откако нивното комбе беше однесено од надојдената река. Третата жртва е 18-годишно момче, чие тело е пронајдено во покраината Гранада
Мадрид, 29 декември 2025 (МИА) – Најмалку три лица загинаа во поплавите што го погодија шпанскиот автономен регион Андалузија.
Најпогодена од поплавите е покраината Малага, каде загинаа две лица откако нивното комбе беше однесено од надојдената река. Третата жртва е 18-годишно момче, чие тело е пронајдено во покраината Гранада.
Во Малага регистрирани се најголем број инциденти од надојдената вода, а потоа следат Гранада со 58 и Алмерија во 48.
Итните служби интервенирале поради поплавени домови, гаражи и улици. Поради поплавите затворени се голем број патишта, а во руралните и планинските области забележани се одрони на камења. ми/
фото: ЕПА