• недела, 22 декември 2024

Најдобриот стрелец во Бундеслигата го избрал Ливерпул

Најдобриот стрелец во Бундеслигата го избрал Ливерпул

Франкфурт, 14 ноември 2024 (МИА) - Водечкиот стрелец во Бундеслигата, Омар Мармуш, се согласил да се пресели во Ливерпул, тврди германското издание „Билд“.

Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт беше поврзуван како главна трансфер цел на англискиот гигант и според „Билд“, двата клуба веќе се во преговори за трансфер сумата. Се очекува Ајнтрахт да бара околу 50 милиони фунти за Египќанецот.

Трансферот нема да се случи во јануари, туку на лето, кога 25-годишниот Мармуш сака да се пресели во поголем клуб и прва желба му е Ливерпул.

Фудбалерот е сензационален оваа сезона и има 14 гола и 10 асистенции на 16 натпревари во сите натпреварувања. Единаесет негови голови се постигнати во Бундеслигата, со што го дели првото место заедно со Хари Кејн од Баерн Минхен. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан