• недела, 22 декември 2024

Најголем интерес на прилепските ученици е за електро-машинските и медицинските струки

Најголем интерес на прилепските ученици е за електро-машинските и медицинските струки

Прилеп, 3 јули 2024 (МИА) - Од петтте средни училишта во Прилеп, најголем е интересот за упис на завршените основци за насоките во елеклтромашинското и во медицинското училиште.

По двете пријавувања во првиот уписен рок од вкупно запишаните 735 ученици во петте средни училишта, најмногу 230 ученици, се запишани во електромашинското училиште „Ристе Ристески Ричко“, во медицинското „Ѓорче Петров“ се 199, а во гимназијата „Мирче Ацев“ се запишаа 161 ученик.

Најбарани струки во електромашинското училиште се за компјутерски техничар и за графичката струка. Веднаш се пополнија и дуалните паралелки. Во медицинското, најбарани се струките медицинска сестра и фармацевтски техничар.

Најмал е интересот за упис во економско-правното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“. ем/цр

Фото: МИА
 

 

Остани поврзан