Највозрасниот човек на светот го прослави 118. роденден
- Кане Танака, која е највозрасниот човек на светот, денеска го прослави својот 118-ти роденден во јапонскиот град Фукока.
Токио, 2 јануари 2021 (МИА) - Кане Танака, која е највозрасниот човек на светот, денеска го прослави својот 118-ти роденден во јапонскиот град Фукока.
Танака е родена на 2 јануари 1903 година, а Гинисовата книга на рекорди ја прогласи за највозрасен човек на светот во март 2019 година, кога имаше 116 години. Таа е родена истата година кога е забележан првиот лет на браќата Рајт, но исто и како британскиот писател Џорџ Орвел.
Таа, исто така, го постави рекордот во Јапонија, бидејќи досега највозрасниот човек во оваа земја имал 117 години и 261 ден.
Танака моментно живее во дом за стари и изнемоштени лица во Фукока, каде го прослави роденденот со останатите штитеници. Таа своето време главно го минува вежбајќи, а најмногу сака да јаде чоколадо и да пие кока-кола, велат од домот.
Нејзиниот 61-годишен син истакна дека Кане е добро, а тој е среќен што неговата мајка е добро расположена секој ден и покрај тешката ситуација поради коронавирусот. гт/