• сабота, 21 декември 2024

Највисокиот човек живее во Гана

Највисокиот човек живее во Гана

Акра, 27 март 2024 (МИА) - Сулемана Абдул Самед од Гана е веројатно највисокиот човек во Африка. Според неодамнешното мерење, 30-годишниот маж е висок 2,89 метри, што го прави и можеби највисокиот човек на светот... 

Во Гинисовата книга на рекорди е запишан Турчинот Султан Косен, кој е висок 2,51 метри. За официјализирање на новиот светски рекорд, пречка било тоа што лекарите во околната болница во северна Гана немале соодветни мерни алатки, пишува Би-Би-Си.

На Сулемана пред неколку години му била дијагностицирана болеста, научно наречена акромегалија, нарушување предизвикано од вишок соматотропин - хормон за раст. Ганецот поради тоа и не престанува да расте и мора да оди на редовни прегледи. На последното мерење тој бил повисок од мерната шипка, па зачудениот лекарски тим просто не знаел како точно да ја одреди неговата висина. 

И самиот пациент бил збунет од „спектаклот“ што го предизвикал, но некако лекарите дошле до приближна проценка на висината.

Инаку, Сулемана е доста популарен во своето село и луѓето често му приоѓаат за да се сликаат со него, објави Џој њуз. Поради здравствените проблеми тој се откажал од својот сон да стане возач, а сега мора да собира пари за лекување и здравствено осигурување.  си/паг/

Фото: Јутјуб

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан