Четврта годишна конференција за здравство во организација на АмЧам
- Под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, денеска во Скопје ќе се одржи Четвртата годишна конференција за здравство, организирана од Американската стопанска комора во Северна Македонија АмЧам.
Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) – Под мотото „Моќта на навремената акција за здравствен систем што испорачува“, денеска во Скопје ќе се одржи Четвртата годишна конференција за здравство, организирана од Американската стопанска комора во Северна Македонија - АмЧам.
Конференцијата, според организаторите, ќе обедини претставници од институциите, здравствената индустрија, академската заедница и пациентските организации, со цел да се идентификуваат практични решенија за поефикасен, модерен и одржлив здравствен систем.
Меѓу говорниците се очекува учество на министерот за здравство Азир Алиу, директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски, директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД) Сабри Алити, директорот на Дирекцијата за е-здравство Фикрет Шабани, како и меѓународниот експерт д-р Пракаш Џеј од Универзитетот на Тексас во Остин, САД. бк/са/
фото: АМЧАМ