• недела, 22 декември 2024

Хибридните закани, заштитата на критичната инфраструктура и воената дипломатија на државата дел од завршна конференција на проектот „Неискористена експертиза“

Хибридните закани, заштитата на критичната инфраструктура и воената дипломатија на државата дел од завршна конференција на проектот „Неискористена експертиза“

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Завршната конференција и дебата на која ќе бидат претставени резултатите од проектот „Неискористена експертиза“ ќе се одржи денеска со почеток од 14 часот во амфитеатарот на Министерството за надворешни работи.

На конференцијата, на која е предвидено учество да земат министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и заменик на шефот на мисијата на Амбасадата на Канада, Дејвид Морган, ќе бидат претставени изработените студии за свесност за хибридните закани и заштитата на критичната инфраструктура и за воената дипломатија на државата, како и наодите од спроведеното анкетно истражување и општествениот експеримент на прифатливи и препознаени карактеристики за политичари и политичарки. 

Резултатите опфаќаат експертска група за феминистичка надворешна и безбедносна политика, серијал поткасти „Дипломатска запршка“ посветен на промоцијата на концептот за феминистичка надворешна и безбедносна политика, две информативни студии за хибридни закани заштита на критичната инфраструктура, односно воената дипломатија, како и резултати од спроведените општествени експерименти и анкетно истражување. 

Спроведените општествени експерименти се посветени на карактеристиките и прифатливоста на карактеристиките на политичари и политичарки во Северна Македонија, односно на политичките перцепции за родовите прашања, надворешните односи, медиумската култура и пристапувањето во Европската Унија.

Институтот ПРЕСПА проектот го спроведува во финансиско партнерство со Амбасадата на Канада во Северна Македонија и Канадскиот фонд за локални иницијативи. ар/нд/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан