• четврток, 04 декември 2025

Форум на тема „Да ги спасиме младите од зависностите“

Форум на тема „Да ги спасиме младите од зависностите“

Скопје, 20 ноември 2025 (МИА) - Сојузот за превентива од болестите на зависност денеска организира форум „Да ги спасиме младите од зависностите“ во рамки на одбележувањето на ноември - месец на борбата против болестите на зависност.

Форумот ќе го отвори д-р Марија Андоновска, директорка на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), а панелисти кои ќе се осврнат на зависностите од тутун, алкохол и дрога ќе бидат д-р Мартин Петровски од ИЈЗ и пензионираниот социолог Миле Гиновски.

Како што најави Сојузот, на форумот во  Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ ќе присуствуваат директори, педагози и психолози од  основните и средните училишта на Град Скопје. хс/бак/

Фото. МИА архива 

Остани поврзан