• недела, 22 декември 2024

Тркалезна маса „Преглед на законската рамка и праксата во назначувањето директори и раководни лица: предизвици и можни решенија“

Тркалезна маса „Преглед на законската рамка и праксата во назначувањето директори и раководни лица: предизвици и можни решенија“

Скопје, 18 октомври 2023 (МИА) - Во организација на Кабинетот на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, со поддршка на Меѓународната фондација за изборни системи (IFES) денеска ќе се одржи тркалезната маса на тема „Преглед на законската рамка и праксата во назначувањето директори и раководни лица: предизвици и можни решенија“, на која ќе биде презентирана истоимената анализа на истражувачот Миша Поповиќ.

Како што информираат од владината прес-служба, на настанот ќе се обратат вицепремиерката Славица Грковска и директорката на IFES во земјава, Јоана Косма.

По презентацијата на анализата, свои согледувања на темата се очеква да споделат Драган Малиновски и Константин Битраков.фф/хс/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан