• недела, 22 декември 2024

Тркалезна маса за креирање стручно образование по мерка на бизнисот

Тркалезна маса за креирање стручно образование по мерка на бизнисот

Скопје, 10 октомври 2024 (МИА) - Стопанската комора на Северна Македонија денеска организира тркалезна маса на тема: „Дефинирање на улогата на здруженијата во рамките на Стопанската комора во креирање стручно образование и обука по мерка на бизнисот“.

Тркалезната маса се организира како резултат на спроведената анкета меѓу компаниите членки на Комората.

Наодите од анкетата ќе бидат презентирани на настан на кој ќе има и дискусија во присуство на министерката за образование и наука Весна Јаневска. хс/бак/

Фото: МИА архива 

 

 

Остани поврзан