• четврток, 16 јануари 2025

Собранието ќе ја одржи 30. седница

Собранието ќе ја одржи 30. седница

Скопје, 16 јануари 2025 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 30-та седница. На дневен ред се вкупно 26 точки меѓу кои и Дополнетиот предлог на закон за изменување на Законот за употребата на македонскиот јазик, Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за аудиовизуелните добра и Предлог-измените на Законот за јавните набавки, сите во второ читање.

Пратениците ќе дискутираат и по Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“ во Либан, Предлог- одлуката за објавување јавен оглас за член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Предлог  одлуката за објавување јавен оглас за член на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, како и Предлог одлуката за избор на заменик - директор на Агенцијата за заштита на личните податоци.

Во рамки на оваа седница по скратена постапка се поднесени неколку предлог-закони како што се измените на Законот за услуги, Законот за таксата за привремен престој, Законот за трговија, Законот за угостителската дејност, Законот за туристичката дејност, Законот за градежните производи, Законот за класифицирани информации, Законот за санитарната и здравствената инспекција...
 
Во прво читање на дневен ред има неколку закони кои главно се од економската сфера. фф/бак/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан