• петок, 05 декември 2025

Седма годишна средба за пациенти со спинална мускулна атрофија

Седма годишна средба за пациенти со спинална мускулна атрофија

Скопје, 18 октомври 2025 (МИА) - Здружението СТОП СМА Македонија денеска ќе организира седма годишна средба на пациенти со спинална мускулна атрофија (СМА) и специјалисти за болеста, што годинава е насловена „СМА – можности и предизвици пред и после дијагноза“.

Како што е најавено, лекари, пациенти, родители и претставници на институции ќе дискутираат за подобрување на квалитетот на живот на лицата со спинална мускулна атрофија во нашата земја.

-Настанот ќе опфати излагања на медицински експерти, лични сведоштва на пациенти и семејства, како и презентација на резултати од локално истражување за потребите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со СМА. Ќе се одржи и панел-дискусија на која ќе се отвори дијалог за подобрување на пристапот до терапија, рехабилитација и системска поддршка, наведува Здружението СТОП СМА  во соопштението. хс/ац/

Фото: ФБ на Здружението СТОП СМА Македонија

Остани поврзан