• сабота, 21 декември 2024

Конференција „Да се задржи отпорноста и не пристрасноста: Поглед низ призмата на Здружението на судиите“

Конференција  „Да се задржи отпорноста и не пристрасноста: Поглед низ призмата на Здружението на судиите“

Скопје, 31 март 2023 (МИА) - По повод Денот на правосудството денеска Здружението на судиите на со поддршка на Мисијата на ОБСЕ организира регионална конференција на тема „Да се задржи отпорноста и не пристрасноста: Поглед низ призмата на Здружението на судиите“.

Како што е најавено, поздравни обраќања ќе имаат шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Килиjан Вал, претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, претседателката на Судскиот совет Весна Дамева, Ерик Мејер од Амбасадата на САД во Северна Македонија и Роберт Декер, заменик амбасадор на Кралството Холандија.

Модератор на конференцијата ќе биде Џемали Саити, судија на Врховниот суд и претседател на Здружението на судиите.

На првата панел дискусија на тема „Улогата на Здружението на судиите во развивањето судиска отпорност на корупција“ ќе говорат Маргарита Цаца - Николовска, поранешна судијка на Европскиот суд за човекови права и претседателка на Институтот за човекови права и Лидија Димова, претседателка на Основниот суд Велес и членка на Советодавното тело за судска етика при Здружението на судиите.

„Ефикасност и ефективност на судскиот систем од перспективата на Здружението на судиите“ е насловот на втората панел дискусија на конференцијата, на која, како што е најавено, ќе говори Мирјана Лазарова - Трајковска, судијка на Врховниот суд на Република Северна Македонија, како и Жарко Хаџи - Зафиров, адвокат и претставник на Блупринт мрежа на граѓански организации. цр/бак/

Фото: Принт скрин

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан