Промоција на прирачник за верификација на дигитални содржини во известувањето за кризни ситуации
- Промоција на изданието „Прирачник за верификација: ултимативен водич за верификација на дигитални содржини во известувањето за кризни ситуации“ и панел-дискусија на тема „Истражувачкото новинарство во ерата на информативниот неред“, ќе се реализираат денеска во Скопје, најави Центарот за развој на медиуми.
Скопје, 1 јули 2025 (МИА) - Промоција на изданието „Прирачник за верификација: ултимативен водич за верификација на дигитални содржини во известувањето за кризни ситуации“ и панел-дискусија на тема „Истражувачкото новинарство во ерата на информативниот неред“, ќе се реализираат денеска во Скопје, најави Центарот за развој на медиуми.
- „Прирачникот за верификација“, дел од серијата „Прирачник за верификација“ на Европскиот центар за новинарство (European Journalism Centre - EJC), е наменет за новинари, активисти, хуманитарни работници, но и студенти по новинарство, истражувачи на социјалните мрежи и сите други кои во работата користат кориснички содржини. Прирачникот е корисна алатка, особено во денешно време, кога содржини добиени од граѓани и други извори, преку социјалните мрежи и други онлајн платформи, се сè позначаен извор на информации за новинарите и редакциите, се наведува во соопштението од ЦРМ.
Панел-дискусијата, што како и прирачникот е дел од проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативен неред“, финансиран од Европската Унија ќе биде посветена на прашањето начинот на кој истражувачкото новинарство може да помогне во борбата со дезинформациите и медиумските манипулации, но и да го разгледа прашањето на третманот што истражувачкото новинарство го има во традиционалните мејнстрим медиуми во земјата.
- Проектот „Истражувачко новинарство за ерата на информативен неред“ има за цел да придонесе кон подобрувањето на квалитетот и на одржливоста на истражувачкото новинарство во Северна Македонија, преку размена на знаења и вештини што ќе им помогнат на истражувачките новинари полесно да се справат со предизвиците што ги носи новото хаотични информативно опкружување, како и со идентификација на нови политики за поддршка на истражувачкото новинарство, вклучително и во мејнстрим медиумите, се истакнува во соопштението.
На настанот, покрај претставници на Центарот за развој на медиуми, предвидено е да говорат и Бјанка Леменс (Bianca Lemmens) од Европскиот новинарски центар, професор д-р Јасна Бачовска - Недиќ од Факултетот за новинарство на УКИМ, д-р Сефер Тахири од Универзитетот на ЈИЕ, како и Маја Јовановска од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). бд/лв/
Фото: Принтскрин