• петок, 18 септември 2026

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани

Премиерот Мицкоски во Дебар на доделување станови за социјално загрозени категории на граѓани

Скопје, 1 август 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Дебар ќе присуствува на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани.

Право на добивање социјален стан имаат лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици на згрижување деца без родители, корисници на правото на гарантирана минимална помош, лица погодени од елементарни природни непогоди, без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта, лица со попреченост и семејства со лица со попреченост, како и лица припадници на ромската заедница и самохрани родители со малолетни деца. бак/паг/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа