• четврток, 19 март 2026

Презентирање на наодите од истражувањето „Снаоѓање или корупција?“

Презентирање на наодите од истражувањето „Снаоѓање или корупција?“

Скопје, 19 март 2026 (МИА) - Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ) денеска организира брифинг за медиумите, на кој ќе бидат презентирани клучните наоди од истражувањето „Снаоѓање или корупција? Неформални плаќања, врски и подароци во здравствениот систем“.

Истражувањето, како што наведува ЕСЕ, е спроведено преку анкета на репрезентативен примерок граѓани и фокус-групи во шест општини во Македонија, а се реализира во рамките на проектот „Посилен систем за поправедна заштита: Намалување на корупцијата во здравството“. мч/бк/

фото: ФБ на ЕСЕ

 

Остани поврзан