• понеделник, 23 декември 2024

Пратениците од Комисијата за труд ќе се состанат со експерти на Меѓународната организација на трудот

Пратениците од Комисијата за труд ќе се состанат со експерти на Меѓународната организација на трудот

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Собраниската Комисија за труд и социјална политика
денеска ќе одржи работен состанок со претставници на Мисија составена од експерти на Меѓународната организација на трудот (специјализирана агенција на ОН) и експерт за слобода на здружување.

Целта на состанокот е согледување на примената на Конвенцијата (во закон и пракса), идентификување на предизвиците и поддршка во примената на препораките на Комитетот за примена на стандардите, се посочува во најавата на собраниската веб страна. ев/са/
 

Остани поврзан