• петок, 28 февруари 2025

Истекува рокот за аплицирање за Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во Западен Балкан

Истекува рокот за аплицирање за Наградата на ЕУ за интеграција на Ромите во Западен Балкан

Скопје, 28 февруари 2025 (МИА) - Денеска истекува рокот за аплицирање за шестото издание на Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција. Ова издание е посветено на позитивните постигнувања за вклучувањето на Ромите во секторот образование. 

Интеграцијата на Ромите е клучен приоритет во процесот на проширување на ЕУ, а Европската Комисија е посветена на поддршка и признавање на работата на актери од ромската и неромската заедница (јавни институции, приватни компании и граѓански организации) во оваа област.

Наградата на ЕУ за ромска интеграција во Западен Балкан и Турција има за цел да ја зајакне политичката посветеност и да ја поддржи интеграцијата на Ромите во регионот. Таа ги препознава иницијативите кои значително ги подобриле животите на Ромите и кои можат да бидат реплицирани во иднина.

Наградата е финансирана од Европската Унија и имплементирана од Roma Active Albania. сст/са/

Фото: Регионална ромска образовна младинска асоцијација

Остани поврзан