Патувачка изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во Крива Паланка
- Во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе биде отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во организација на Здружението Икуалити, која преку 32 портрети на лица со попреченост треба да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности.
Крива Паланка, 7 октомври 2025 (МИА) - Во Градскиот музеј во Крива Паланка ќе биде отворена патувачката изложба „Живеј со стил – поддржи различности“ во организација на Здружението Икуалити, која преку 32 портрети на лица со попреченост треба да раскаже моќна приказна и да ја промовира интеграцијата преку славење на човековите вредности.
Патувачка изложба, според организаторите, претставува културна мисија, која ќе ја промени перцепцијата на општеството за лица со попреченост и ќе ги преобрази набљудувачите во иницијатори на позитивни промени, општествена интеграција и уште повисоки човекови вредности.
Серијата изложби „Живеј со стил - поддржи различности“ се имплементира со средства доделени во рамки на годишниот конкурс за финансирање проекти од областа на визуелни уметности, архитектура и дизајн“ од Министерство за култура и туризам.
До сега иницијативата за поддржување различности беше успешно пренесена во четири градови: Крушево, Гевгелија, Ресен и Велес, а во наредниот период продолжува да патува и во Свети Николе и Делчево. бк/са/
Фото: плакат