Панел-дискусија „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“
- Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) денеска организира панел-дискусија на тема „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“.

Скопје, 18 декември 2024 (МИА) - Институтот за медиуми и аналитика (ИМА) денеска организира панел-дискусија на тема „Дискриминацијата и говорот на омраза во медиумите и јавната комуникација“.
Како што најави организаторот, панелисти ќе бидат Лимко Бејзароски, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Билјана Георгиевска, директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија, Славица Анастасовска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и Сара Миленковска од коалицијата Маргини.
-Тие ќе ги претстават клучните наоди од нивните анализи на оваа тема. По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на панел-дискусијата, соопшти ИМА. хс/са/
Фото: www.ima.mk