• петок, 05 декември 2025

Отворање нови простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Отворање нови простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - СОС Детско село денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден на детето и Денот на згрижувачките семејства со цел да се подигне свеста за важноста на згрижувањето и за поддршка на луѓето кои со љубов и посветеност се грижат за децата без родителска грижа.

- Покрај симболиката на признание за згрижувачките семејства, овој настан ќе биде одбележан и со свечено отворање на новите простории на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства, како и специјализираното Одделение за психолошко советување и специјално образование со рехабилитација за деца со комплексни трауми, соопшти СОС Детско село. 

Новите капацитети се дел од регионалниот проект „Надминување на системски празнини – Поддршка на реформите во системот за заштита на децата“, финансиран од Министерството за економска соработка и развој на Германија, во партнерство со германската организација HGFD.

Како што е најавено, на настанот ќе се обратат претседателот на организацијата Александар Трајковски, заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и националната директорка на СОС Детско село, Јулијана Накова Гапо. хс/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан