Отворање на Дневен центар за лица со попреченост во село Градец
- Во селото Градец во општина Врапчиште денеска официјално ќе биде отворен Дневен центар за лицата со попреченост.

Скопје, 29 мај 2023 (МИА) - Во селото Градец во општина Врапчиште денеска официјално ќе биде отворен Дневен центар за лицата со попреченост.
На отворањето на Центарот ќе се обратат министрите за труд и социјална политика и за локална самоуправа, Јованка Тренчевска и Ристо Пенов, градоначалникот на Општина Врапчиште, Исен Шабани и шефот на Секторот за соработка во ЕУ, Штефен Худолин. ев/бак/
ФОТО: МИА Архива