„Осмели се, инспирирај, промени“ – настан за младите и политиката во Струга
- Во просториите на Europe House – Струга денеска ќе се одржи настанот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“, организиран од Платформата за одржлив развој „Лице в лице“.
Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Во просториите на Europe House – Струга денеска ќе се одржи настанот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“, организиран од Платформата за одржлив развој „Лице в лице“.
Настанот започнува во 13 часот и ќе комбинира модерирана дискусија и изложба на млади уметници. Во првиот дел ќе се разговара за личните искуства, општествените предизвици и улогата на младите во градењето поодговорно општество. Потоа, просторот ќе се трансформира во уметничка галерија со изложба на 15 дела пристигнати на повикот за млади креативци, меѓу кои и петте наградени решенија.

Изложбата ќе биде поставена во Europe House – Струга до крајот на неделата и ќе понуди визуелни сведоштва за тоа како младата генерација ја доживува корупцијата, неправдата и потребата за промена.
Организаторите истакнуваат дека целта е да се создаде жив простор за дијалог и да се даде глас на младите во разговорот за политичкиот интегритет.ар/са/
Фото:Лице в лице