Општина Тетово организира Отворен ден
- На манифестацијата ќе бидат презентирани насоките и профилите за пријавување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026година во општина Тетово, а ќе присуствува и градоначалникот Биљал Касами.
Тетово, 8 мај 2025 (МИА) - Општина Тетово организира Отворен ден на плоштадот „Илирија“, во соработка со средните училишта од градот.
На манифестацијата ќе бидат презентирани насоките и профилите за пријавување ученици во јавните средни училишта за учебната 2025/2026година во општина Тетово.
Во рамки на Отворениот ден ќе присуствува и градоначалникот Биљал Касами. мч/
фото: МИА архива