• петок, 26 јули 2024

Одбележување на Светскиот ден на туризам

Одбележување на Светскиот ден на туризам

Скопје, 27 септември 2023 (МИА) - Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот.

На одбележувањето ќе се обратат државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Министерството за економија во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот ќе додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година. дма/бак/

 

Фото:МИА архива

 

Остани поврзан