Одбележување на Светскиот ден на вранецот
- Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот.

Скопје, 5 октомври 2023 (МИА) - Здружението „Вина од Македонија“ со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе го одбележи Светскиот ден на вранецот.
Најавени се обраќања на претседателот на здружението „Вина од Македонија“; Светозар Јаневски, на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и на црногорскиот министер за зeмјоделство Владимир Јоковиќ.
Настанот се одржува петта година по ред, а станува збор за значаен настан кој на едно место ги обединува домашните и регионални производители на вино од сортата вранец, вински есперти и љубители на виното. бак/са/
Фото: МИА архива