Одбележување на Меѓународниот ден на задруги во Миравци
- Како што информираат од МАЗЗ, настанот има цел да го развие дијалогот помеѓу земјоделците, владините и невладините институции, како и позитивна промоција на економското организирање на земјоделците како единствена перспектива за развој на земјоделството во регионот.
Скопје, 5 јули 2025 (МИА) – Во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги денеска во село Миравци, гевгелиско, ќе биде одбележан Меѓународниот ден на задруги.
Како што информираат од МАЗЗ, настанот има цел да го развие дијалогот помеѓу земјоделците, владините и невладините институции, како и позитивна промоција на економското организирање на земјоделците како единствена перспектива за развој на земјоделството во регионот.
– МАЗЗ е единствена организација која од нејзиното формирање, во соработка со Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство веќе 12 години по ред, првата сабота од месец јули, го организира Меѓународниот ден на задруги кој на истиот датум секоја година паралелно се одбележува во целиот свет. Целта на организирање на овој настан е развивање дијалог помеѓу земјоделците (задругари), владините и невладините институции и позитивна промоција на економското организирање на земјоделците како единствена перспектива за развој на земјоделството во регионот, стои во соопштението. ра/сст/
Фото: