• петок, 05 декември 2025

Објавување на комплетната програма на 16. „МакеДокс“

Објавување на комплетната програма на 16. „МакеДокс“

Скопје, 13 август 2025 (МИА) - Оганизаторите на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ денеска во МКЦ ќе ја објават комплетната програма и сите фестивалски активности за 16. издание.

На прес-конференцијата ќе се обратат: Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, програмски координатор на „МакеДокс“ и Сара Ферро, раководител на индустри програмата на „МакеДокс“.

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје.фф/

Фото: МакеДокс

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан