• понеделник, 23 декември 2024

Конференција за акредитација на меѓународните стандарди како алатка за спречување на корупција

Конференција за акредитација на меѓународните стандарди како алатка за спречување на корупција

Скопје, 18 мај 2023 (МИА) - Национална конференција за акредитација на меѓународните стандарди како алатка за спречување на корупција ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институтот за акредитација на Република Северна Македонија.

На форумот најавено е обраќање на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска, в.д.претставникот на УСАИД, Дон Кармин, директорот на  Меѓународната фондација за изборни системи Иона Косма, директорот на Институтот за акредитација на Босна и Херцеговина Дражан Приморац и директорот на Институтот за акредитација на Северна Македонија, Слободан Чокревски.

Целта на конференцијата е да се поттикне дискусија и размена на мислења за иницијативите за
имплементација на системoт за управување против корупција во согласност со стандардот ISO
37001:2016 и системот за управување на информациската безбедност во согласност со стандардот
ISO 27001:2022, да се споделат добри практики од земјите на ЕУ кои ги имплементирале овие
стандарди, како и да се дискутираат правните барања за воведување на стандардите во
институциите на јавната администрација.

-Во ситуација кога корупцијата и подмитувањето влијаат на економскиот раст и ја намалуваат
довербата на јавноста во целокупниот систем, квалитативните и квантитативните предности од
воведувањето на стандардизација и сертификација на јавните институции за против-корупција
можат да донесат нов квалитет и конзистентност во напорите за зголемување на транспарентноста,
отвореноста и одговорноста кон јавноста, наведува организаторот.

Конференцијата е дел од тековната активност за противкорупција и интегритет, финансирана од Агенцијата за меѓународен развој на САД (USAID) и имплементирана од Меѓународната фондација за изборни системи (IFES). вг/бак/

 

Фото: МИА Архива

Остани поврзан