• сабота, 15 февруари 2025

Натпревар по математика и физика во ПСУ „Јахја Кемал“ за добивање стипендии

Натпревар по математика и физика во ПСУ „Јахја Кемал“ за добивање стипендии

Скопје, 15 февруари 2025 (МИА) - Приватното средно училиште „Јахја Кемал“ денеска од 11 часот организира 14-ти натпревар по математика и физика за добивање стипендија. Ќе учествуваат основци што се пријавиле за натпреварот преку нивните ментори односно училишта. 

-Целта на овие активности е да се мотивираат учениците да посветат повеќе внимание на науката и образованието, а како резултат на постигнатиот успех од натпреварите да се наградуваат и да им се доделат стипендии за упис во нашето училиште, соопшти ПСУ „Јахја Кемал“. 

Заинтересираните ученици преку нивниот ментор имаа можност да се пријават  во некое од училиштата „Јахја Кемал“ во Скопје, Тетово или Струга, во зависност во која општина е основното училиште каде што учат. 

-Од денот на отворањето и почетокот на реализација на воспитно-образовна дејност, ПСУ Јахја Кемал" постојано организира или е домаќин на повеќе научни, социјални, културни, спортски и други активности, наведува средното училиште во соопштението. хс/ев/ 

Фото: ПСУ „Јахја Кемал“ 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан