• недела, 24 ноември 2024

Натпревар „Инструментите на моите предци“ во ДКЦ „Карпош“

Натпревар „Инструментите на моите предци“ во ДКЦ „Карпош“

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - „Инструментите на моите предци“ е насловен натпреварот на класични и народни традиционални македонски инструменти кој денеска од 9 часот ќе се одржи во Детскиот културен центар „Карпош“.

Наменет е за деца и млади од 10 до 18 години кои ќе натпреваруваат во свирење на гајда, хармоника, тамбура, кавал, кларинет, тапан.

-Со овие натпревари ДКЦ „Карпош“ има цел да ја развие желбата и љубовта на децата и младите за изучување народни изворни инструменти, а со тоа да се продолжи традицијата од нашите предци и да се остави аманет за идните поколенија, соопшти Детскиот културен центар „Карпош“.

Натпреварот „Инструментите на моите предци“ се одржува по шести пат и е поддржан од Град Скопје. хс/нд/

Фото: Детски културен центар „Карпош“

 

Остани поврзан