• петок, 05 декември 2025

Мултимедијален концерт во чест на Јохан Штраус на „Есенски музички свечености“

Мултимедијален концерт во чест на Јохан Штраус на „Есенски музички свечености“

Скопје, 5 ноември 2025 (МИА) – Во рамки на 25. издание на фестивалот „Есенски музички свечености“, денеска во Салон 19 19 при Културниот информативен центар ќе се одржи мултимедијален концерт насловен „Јохан Штраус во филмот: Концерт и проекција на немиот филм Веселата војна“ во изведба на Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, 

Концертот на гудачкиот квартет е уникатен спој на класична музика и нем филм, изведувајќи музика од „кралот на валцерот“ – Јохан Штраус, додека на платното ќе се прикажува филмот „Веселата војна“ на режисерот Роберт Вине.

Настанот е омаж на двојното наследство на Штраус – како симбол на музичката елеганција и како инспирација за кинематографијата. Повод за концертот е одбележувањето на 200 години од раѓањето на славниот композитор, како и 30 години камерно музичко творештво на виолинистката Пламенка Трајковска.

Гудачкиот квартет Пламенка Трајковска, дел од Здружението Пламенка Трајковска – МКС, Скопје, е еден од водечките камерни ансамбли во земјата, познат по спојувањето на класичната традиција со современиот израз, фолклорот и кросоверот. Настапуваат на значајни културни сцени во Македонија и Европа, носејќи енергија, емоција и уметничка прецизност. бк/са/

фото: Скопско лето

Остани поврзан