Министерот Љутков во работна посета на Охрид и Струга
- Министерот Љутков, како што соопшти неговиот кабинет, во Струга ќе го посети оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 - куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство.
Скопје, 17 октомври 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид.
Министерот Љутков, како што соопшти неговиот кабинет, во Струга ќе го посети оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. „Браќа Миладиновци“ бр. 16 - куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство.
Во Охрид министерот Љутков ќе ја посети библиотеката „Григор Прличев“, каде ќе се обрати на пригодната свеченост по повод враќањето на „Пчињското изборно евангелие“ кое важи за најстар ракопис зачуван во фондот на библиотеката. дма/нд
Фото: МИА архива