Министерот Љутков во работна посета на Демир Хисар
- Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар.
Скопје, 18 август 2025 (МИА) - Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе оствари работна посета на Општина Демир Хисар.
Посетата министерот Љутков ја започнува со средба со градоначалникот Никола Најдовски, по што двајцата ќе направат обиколка на институциите од областа на културата во оваа општина.
Како што соопшти Министерството за култура и туризам, Љутков и Најдовски ќе ги посетат Меморијалната соба на Петре М. Андреевски во село Слоештица, Слепченскиот манастир и библиотеката АЛ-БИ во село Бабино. дма/са/
Фото: МИА архива