• среда, 11 февруари 2026

Министерот Андоновски и градоначалникот Проданоски на настанот Ден на побезбеден интернет во Прилеп

Министерот  Андоновски и градоначалникот Проданоски на настанот Ден на побезбеден интернет во Прилеп

Скопје, 11 февруари 2026 (МИА) - Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска ќе присуствуваат на настанот Ден на побезбеден интернет. Настанот е за безбедноста на интернет, особено кај најмладите, а го организира „МКсафенет, проект во рамките на Министерството за дигитална трансформација.

Ден на побезбеден интернет ќе се реализира заедно со учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски-Јане“ - Прилеп.

Предвидени се и изјави за медиумите. мч/са/

фото: Министерство за дигитална трансформација

Остани поврзан