• петок, 22 ноември 2024

Крос трка по повод Меѓународниот ден на здравјето

Крос трка по повод Меѓународниот ден на здравјето

Скопје, 7 април 2023 (МИА) - По повод Меѓународниот ден на здравјето - 7 Април, Детскиот културен центар „Карпош“ денеска во Скопје ќе организира крос трка, по втор пат оваа година.

Во оваа спортска манифестација учествуваат деца од градинките од градот и околината. Трката ќе се одржи на тартан патеката во Градскиот парк, а ќе се трча на 250 метри во мешана категорија, момчиња и девојчиња. Исто така, ќе се трча и штафетно трчање 200 метри 4x50 метри.

-Целта на оваа манифестација е да го одбележиме Меѓународниот ден на здравјето и да испратиме порака - Спортувањето и здравиот начин на живеење ќе допринесат за долг и здрав живот, соопштија од Детскиот културен центар „Карпош“.бт/бак/

Остани поврзан