• недела, 22 декември 2024

Концерт на Јана Лолова и Антонио Илиоски во КИЦ

Концерт на Јана Лолова и Антонио Илиоски во КИЦ

Скопје, 3 јули 2024 (МИА) - Во Културно-информативниот центар во Скопје во Салон 19:19 вечерва концерт ќе одржат Јана Лолова и Антонио Илиоски. На програмата се дела од Лудвиг Ван Бетовен и од Јоханес Брамс. 

Илиоски е роден во 2003 година во Скопје. На осумгодишна возраст почнува да свири виолончело во основното музичко училиште - ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје во класата на проф. Марија Кочарова-Узунова. Има учествувано на повеќето меѓународни и државните натпревари. Добитник е на четврта награда на Меѓународниот натпревар за виолончелисти „Антонио Јанигро“ во Загреб и трета награда на Меѓународниот натпревар во виолончело во Словенија. Ја има освоно и специјалната награда на Меѓународниот натпревар на Персатуан Шопен во Малезија и е прогласен за апсолутен победник на натпреварот. Ја освои првата награда и беше прогласен за „Млад уметник на годината“ на Меѓународниот музички натпревар во Њујорк, а годинава е добитник на првата награда на Меѓународниот музички натпревар „Полихимнија“ во Скопје.

Василева Лолова е родена во 2001 година во Софија. Во 2008 година почнала да учи во националното музичко училиште „Љубомир Пипков“, а од 2018 година студира пијано во класата на проф. д-р Илија Чернаев. Добитник е на првата награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Ниш во 2014 година и прва награда и гран-при на Меѓународниот натпревар за млади пијанисти во Врање во 2019 година. Во категоријата камерна музика е наградена со прва награда на Меѓународниот натпревар „Млади виртуози“ во Софија во 2018 година, прва награда на Меѓународниот натпревар „Даворин Јенко“ во Белград во 2019 година и Специјална награда посветена на 190 години од раѓањето на Ј. Брамс на Академскиот натпревар по камерна музика во Софија во 2023 година, како и прва награда на натпреварот за академска камерна музика во Софија во 2024 година. Добитник е и на првата награда во категоријата пијано придружба на Меѓународниот музички натпревар „Надеж, таленти и мајстори“ во Добрич, Бугарија во 2017 година и специјална награда по име проф. Савка Шопова-Маркова од Национален академски натпревар за студенти и кореоетитори „Проф. Савка Шопова-Маркова“ во 2022 година. Стипендист е на престижниот фестивал на камерна музика „Musica Mundi“ во Брисел каде работела со музичарите Николас Ангелич (пијано, САД), Јуси Сирала (пијано, Финска) и Ирен Коган (пијано, Латвија). Израел). бт/бак/

Фото: Плакат

 

Остани поврзан