Концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“
- Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот.
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот.
Како солисти ќе настапат Дарко Багески на гитара, Стефан Милошевиќ и Марко Баловски на мандолина. На програмата ќе бидат изведени дела од Вивалди, Мандонико, Хачатуријан, Кувахара, Вилијамс, како и неколку премирни композиции.
-Како и секоја година, така и оваа, во соработка со „Нула отпад“ ја шириме и негуваме еко-свеста со тоа што публиката ќе може да донесе било каков електронски отпад и истрошени батерии. соопшти организаторот на концертот. хс/са/
Фото: МИА архива