• петок, 05 декември 2025

Комеморација за Илинденка Петрушева во Кинотеката на Македонија

Комеморација за Илинденка Петрушева во Кинотеката на Македонија

Скопје, 19 септември 2025 (МИА) - НУ Кинотека на Македонија денеска од 13 часот организира комеморација во чест на Илинденка Петрушева (1944–2025) – филмски критичар, публицист, истражувач, долгогодишен раководител и советник во Кинотеката, основач и уредник на списанието „Кинопис“.

Како што соопшти Кинотеката, Илинденка Петрушева е една од најзначајните личности во развојот на македонската филмска култура и историографија, а комеморацијата ќе биде можност, како што наведува, „нејзините колеги, пријатели и почитувачи, како и културната јавност, да се потсетат и да го чествуваат нејзиното големо дело и неповторлив придонес кон македонската култура и филм“.

-Илинденка Петрушева (4 август 1944 – 5 септември 2025) остави длабока трага во националната кинематографија со својата повеќедецениска посветена работа во истражувањето, проучувањето, прибирањето, архивирањето, презентацијата и популаризирањето на филмската уметност кај нас. Таа беше дел од самите почетоци на Кинотеката и со своите иницијативи ги постави темелите на филмскиот архив, конкретната кинотечна и архивска практика, филмската кинотечна програма, како и културната дејност од областа на филмот и визуелните уметности – темели и основи на коишто институцијата е создадена, востановена и кои Кинотеката ги развива и денес, соопшти  НУ Кинотека на Македонија. хс/са/

Фото: НУ Кинотека на Македонија 

 

Остани поврзан