• четврток, 14 ноември 2024

Во Народната банка презентација на трудови од добитниците на наградата за млади истражувачи

Во Народната банка презентација на трудови од добитниците на наградата за млади истражувачи

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) -  Во просториите на Народната банка денеска ќе се одржи 51. сесија на Клубот на истражувачи.

Како што информираат од Народната банка, на сесијата ќе бидат презентирани трудовите „Економски раст поттикнат од интеграцијата: Случајот на интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија“ од Никита Ристовски и „Монетарната политика и каналите на цените на средствата во контекст на регионализацијата на берзите во земјите на поранешна Југославија“ од Стефан Таневски.

Двајцата автори се добитниците на првата и втората Годишна награда за млади истражувачи за 2024 година.

Клубот на истражувачи на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научно-истражувачките трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите што се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето. дма/бак/

Фото: Народна банка

Остани поврзан