• петок, 05 декември 2025

Кариерен ден за магистерските студии по конференциско толкување

Кариерен ден за магистерските студии по конференциско толкување

Скопје, 20 мај 2025 (МИА) - Промоција на магистерските студии по конференциско толкување на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје ќе се одржи денеска во Јуроп Хаус во Скопје.

На промоцијата воведни обраќања ќе имаат проф. д-р Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, проф. д-р Катарина Ѓурчевска Атанасовска, раководител на магистерските студии по конференциско толкување, Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, а проф. д-р Катарина Ѓурчевска Атанасовска ќе ги презентира магистерските студии по конференциско толкување.

-Магистерските студии по конференциско толкување имаат клучна улога во едукацијата на конференциски толкувачи според европски стандарди и се единствена ваква можност во нашата држава. Имајќи го предвид тоа, нашата цел е да ги промивираме овие студии со цел да едуцираме кадри што ќе можат да работат како професионални толкувачи дома и во странство, велат од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Оттаму посочуваат дека овој повик им е упатен на филолозите, но и на сите други заинтересирани лица од различни струки и области кои зборуваат најмалку еден странски јазик, кои би сакале да поминат обука за професионални толкувачи по европски стандарди и кои ќе бидат потребни на домашниот пазар на трудот, а исто така во иднина ќе имаат можност да работат и во европските институции. дма/са/

Фото: Принскрин

Остани поврзан