Изложба на Верица Ковачевска во Чифте амам: „Кога водата ќе секне“
- Во Чифте амам, објект на Националната галерија на Република Северна Македонија, вечер ќе биде отворена самостојната изложба на мултимедијалната уметница Верица Ковачевска, насловена „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)“. Изложбата е во кураторство на д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија.
Скопје, 16 октомври 2025 (МИА) – Во Чифте амам, објект на Националната галерија на Република Северна Македонија, вечер ќе биде отворена самостојната изложба на мултимедијалната уметница Верица Ковачевска, насловена „Кога водата ќе секне (When Water Runs Dry)“. Изложбата е во кураторство на д-р Ана Франговска, кустос советник во Националната галерија.
Поставката претставува ретроспектива по повод 20 години творештво на Ковачевска и опфаќа осум мултимедијални инсталации – видео, звук, просторни инсталации, цртежи и партиципативни проекти. Водата е поставена како централна метафора, преку која се истражуваат теми како меморија, загуба, урбани трансформации и екологија на просторот.
Верица Ковачевска живее и работи во Цирих, Швајцарија, а нејзините дела се изложувани на престижни меѓународни платформи. Изложбата ќе биде отворена за јавноста до 11 ноември 2025 година. бк/ац/